Samsung стана најголем производител на чипови во светот

Samsung сега е лидер на полето на полупроводници, а компанијата во текот на 2017. година испорачала чипови во вредност од 69,1 милијарда долари. Јужнокорејскиот гигант по испораката на чипови ја престигна и компанијата Intel.

Intel е водечки светски произведувач на чипови уште од 1992 година, што на компанијат аи овозможи доминација цели 25 години. Сепак, минатата година компанијата остварила раст од само 6 отсто во разаботката од полупроводници (62,8 милијарди долари), што на Samsung му дав предност од 10 проценти кога се во прашање приходите.

Samsung најголема предност оствари на полето на мобилниот пазар, со зголемување на побарувачката на DRAM и Flash меморија, овозможувајќи компанијата да достигне зачителен раст споредбено со изминатите години.

Во меѓувреме Intel се фокусираше на х86 процесори, кои не се широко прифатени на пазаро на мобилните уреди. Ова значително го лимитираше растот на компанијата надвор од традиционалниот компјутерски и „ентерјпрас“ пазар.