Sony патентираше нова технологија за VR контролери

Пазарот на VR технологија за гејминг за минатата година беше во одредена стагнација, но оваа година повторно започна моќно кога станува збор за виртуелниот гејминг.

Најпрво HTC го претстави HTC Vive Pro и бежичниот адаптер, донесувајќи висока резолуција и бежично поврзување, две работи кои секако се многу важни за иднината и развојот на VR гејмингот, а преку викендот дознавме дека и Sony има патентирано нова технологија за нивните контролори за движење.

Sony VR моментално ги користи PlayStation Move контролорите, кои се стари преку десет години и секако тоа е одамна застарена технологија и недоволна поддршка за PlayStation VR, па така се очекуваше дека Sony наскоро ќе претстави нови контролори за движење, а овие патенти токму го говорат тоа.

На сликата може да се види дека имаат аналоген џоистик на палците, нешто што многу фанови на Sony VR одамна го бараат, како и голем број други тастери на таа површина, и копчиња во подножјето. И лентата за држење околу раката сега се наоѓа странично, а не на дното на контролерот, што секако е поефикасно за држење на оваа направа во раката.

Клучниот патент на овие контролори е технологијата за препознавање и следење на движењата на прстите, што играњето во VR технологијата ќе може да ја подигне во ново ниво.

Тоа што е особено интересно, укажува на тоа дека движењето на рацете ќе биде следено од камерите на VR кацигата, а не на камерата напред, како што беше досега може да навести дека наскоро може да се очекува нова, напредна верзија PSVR.