Тестирањето на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб” прикажано во две минути (ВИДЕО)

За да добиете вистинско чувство за колкав проект станува збор, во продолжение ви претставуваме неколку податоци
Беа потребни неколку децении за да се изгради вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. Телескопот ќе биде лансиран во 2019 година; тој полека, но сигурно се движи до датумот на лансирање, по што конечно ќе добие шанса да ги „фати“ првите сцени од галаксиите што се формираат во раниот универзум.

Првпат бил составен во Годард, а потоа бил однесен во вселенскиот тестер за тестирање на НАСА во масивна криогенска вакуумска комора за да се процени неговата способност да го издржи ладното пространство на вселената.

Составувањето на ваков масивен, скап и деликатен инструмент бара многу напор. За да добиете вистинско чувство за колкав проект станува збор, во продолжение ви претставуваме неколку податоци:

100 дена

Во вселенскиот центар „Џонсон“ инженерите повторно го составиле телескопот, а потоа на 10 јули внимателно го ставија во Комората А, масивна вакуумска комора. Телескопот поминал низ цел спектар на тестови во незамисливо студенило околу 100 дена. Кога сме веќе кај ниските температури…

-387 Целзиусови степени

Тоа е температурата на која голем дел од инструментите на телескопот се дизајнирани да работат.

8.835.000.000 долари

Благодарение на одложувањата и пречекорувањата на буџетот, телескопот сега чини 8 милијарди долари.

6,4 метри

Вкупната големина на огледалото на телескопот. Составено од 18 хексагонални делови од берилиум, огледалото ќе може да ги привлече дури и бледите светла оддалечени милијарди светлосни години.

48,25 грама

Златната облога на огледалата на телескопот се навистина тенки. Тие тежат 48,25 грама или, според НАСА, колку масата на едно топче за голф.

Милион километри

Телескопот ќе орбитира околу Сонцето во стабилна лагранж точка милион километри од Земјата. Во таа положба сателитот ќе остане во линија со Земјата додека ние орбитираме околу Сонцето.

5-10 години

Откако ќе биде во позиција, НАСА се надева дека телескопот ќе оперира од 5 до 10 години. Во тоа време ќе ги испита атмосферите на егзопланетите и ќе ѕирне во раните денови на универзумот, набљудувајќи како првите ѕвезди, галаксии и планетарни системи доаѓаат токму пред него.