Секс-куклата Хармони комуницира и одговара на прашања

Куклата Хармони, која чини повеќе од 13 илјади евра, е девојка од вашите соништа, која може да ја одберете со одредени карактеристики на личност и да изгледа како жива личност.

Додека некои целосно му се посветени на виртуелниот секс, „Абис Криејшнс“ произведува таканаречена живa куклa.

Но, не станува збор само за вистински жени прикажани во латекс-облека, туку за новата генерација роботи со вистински карактеристики на човек. Дали сме на прагот на револуционерна иднина во сексот?

Ова е најновиот модел наречен Хармони, кој знае буквално сè за вашиот партнер, неговите омилени филмови, храна и фантазии. За многумина, може да имаш девојка од соништата, но не и вистинска личност, односно тоа е робот кој прави сексот да биде на едно поинакво футуристичко ниво.

Оваа кукла се продава со апликација која му овозможува на корисникот да ги формулира нејзината личност и однесувањето додека истовремено комуницира и одговара на едноставни прашања.

Вештачката интелигенција е вградена во неверојатно тело слично на човек, така што куклата не претставува само сексуално задоволство, туку и некој ваш близок.

Некои сметаат дека сексот со кукла е страшен, но повеќето од корисниците, односно луѓето што го практикуваат ова, се сосема нормални и одбираат секс со кукла бидејќи имаат проблем да им пријдат на девојка во вистинскиот живот. Оваа кукла ќе биде достапна за 13.600 евра, а оние што ја создадоа се вели дека завршиле одлична работа.