Instagram ја тестира опцијата за текстуални Stories (ВИДЕО)

Социјалната мрежа за фотографии Instagram ја тестира новата опција Type за Stories, за корисниците да можат да споделуваат текстуални пораки наместо фотографии и видео клипови.

Оваа опција првобитно е забележана во декември помеѓу корисниците во Јапонија, а сега се појави и во избрани делови на Европа. Новата можност се појавува како одвоена опција во долнмиот дел на екранот при избор на Stories, покрај вообичаените опции како што се Boomerang и Live. Кога корисникот ќе ја избере опцијата Type, тој може да пишува и избира различни подлоги и фонтови на букви.

Оваа можност не е значајно поинаква од она што е веќе достапно на Instagram. За да се добие истата работа, сега само креирајте фотографија, кликнете на пенкалцето во горниот дел и изберете боја, а потоа притиснете и задржете го прстот на екранот за да добиете празна подлога на која можете да пишувате.

Во новата опција се чини дека Ombre позадината е основна и дека ќе потсетува на шарените статуси на Facebook. Корисниците, исто така, ќе можат да користат фотографија како позадина. Креирањето на кратенка за споделување на текстуалната содржина во Stories е корисна алатка за луѓето кои веќе нешто слично прават на платформата, само со дополнителен чекор или два.

Instagram тестира и нотификации во случај некој да направи скриншот на Stories кои сте ги објавиле.