Ветар ви дува во лицето додека играте игри (ВИДЕО)

Vortx е необична и ефикасна направа што може да се прилагоди на содржината на вашиот компјутер, без разлика дали станува збор за филмови или видеоигри, и на едноставен начин да ја претвори содржината на екраните во пореално искуство за сите ваши сетила.

Ако некогаш сте доживеале филмска претстава во таканаречен 4D  сигурни сме дека ќе се согласите со нас кога ќе ви кажеме дека малку помрднување со столот, некој светлосен ефект и вентилатор што ви дува во лице еден обичен филм може да го претворат во мултимедиски спектакл.

Слична работа настојуваат да направат и иноваторите одговорни за малиот компјутерски геџет Vortx.

Vortx изгледа како  неугледна пластична коцка со тркалезен отвор на предната страна. Станува збор за грејач со вграден вентилатор кој со одговарачки софтвер се прилагодува на содржината на екранот. Така на пример, кога гледате видео од лет на  орел над планински предел ќе почувствувате ладен ветер.

Втор момент е кога во играта Doom ќе тргнете по патот на хордата демони. Во тој клучен момент кон вашето лице ќе задува топол воздух. Тоа е поради фактот што се наоѓате на место што е препознатливо по лава, камења и ѓавол.

Инаку, не се работи за сложено технолошко решение. Голем број  луѓе беа воодушевени на годинашниот Меѓународен саем на потрошувачка електроника на CES во Лас Вегас.

Тимот што го направи овој изум нагласува дека за Vortx не е потребен никаков дополнителен софтвер. Вградениот алгоритам го следи тоа што се случува на екранот и автоматски се синхронизира со уредот. Да, тоа значи дека уредот е компатибилен со речиси сите мултимедиумски содржини, авторите веќе успешно го испробале во игрите како Destiny и Overwatch.

Основачот на компанијата, Тимоти Сан, тврди дека во игрите како споменатата Overwatch на екранот се случуваат многу работи, што значи дека Vortx не реагира на апсолутно сè, но дека и понатаму функционира приближно ефикасно.

Според авторите, овој уред не би смеел да чини повеќе од 120 долари, а на пазарот би требало да се појави во текот на оваа година.