Златен накит од рециклирани компјутерски матични плочи

Дали знаевте дека само 12,5% од електрониката на глобално ниво се рециклира? Многу од деловите содржат скапоцени метали како сребро, злато, бакар и паладиум. Се проценува дека секоја година Американците фрлаат повеќе од 60 милиони долари злато и сребро во електронските делови. Со оглед на тоа колкава штета и нанесува на планетата рударењето метали, има смисла да се реупотребат веќе ископаните метали, но многу малку компани го прават тоа.

Сепак, компанијата за производство на компјутери Dell има поинаков пристап. Dell склучи партнерство со моделот и дизајнер на накит од Лос Анџелес, Ники Рид, за да креира линија накит кој ќе има 99% помало негативно влијание врз планетата октолку накитот направен од руда која се ископува.

Заедно Dell и Рид лансираа линија накит направен од рециклирано 14 и 18-каратно злато собрано од стари матични плочи. Линијата накит се вика The Circular Collection и е одличен пример за тоа што може да се постигне кога ќе се стави како приоритет реупотребата на ресурсите. Колекцијата е прекрасна. Парчињата накит се деликатни и украсени со одржливи опали. Цената се движи од 78 долари за едноставен прстен до 348 долари за манжетни и сите се направени во САД.

„За нас е многу битна иновацијата кај материјалите – каде и како наоѓаме ресурси како пластика, карбонски влакна и во последниот случај злато. Кога ќе помислите дека има 800 пати повеќе злато во еден тон матични плочи отколку во еден тон земја почнувате да сфаќате колкави можности отвора рециклирањето на вредните материјали“ велат од Dell.