Два iPhone телефона експлодираа во рок од два дена

По скандалот поради намерното забавувањето на старите модели на iPhone, Apple деновиве се соочува со нова непријатност. Како што објавија повеќе респектабилни медиуми, паметните телефони на Apple почнаа да експлодираат во популарните продавници на брендот – Apple Store. Во последниве неколку дена, биле забележани неколку такви случаи, за среќа, без повредени

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Првиот iPhone се запалил во вторникот оваа недела во продавницата на Apple во Цирих, Швајцарија. Вработениот во продавницата кој се обидел да го згаси пожарот во најава, се здобил со изгореници. Сите посетители биле веднаш изведени на улица, додека проблемот не бил саниран.

Вториот случај се случил следниот ден во Валенсија, Шпанија. Повторно, се запалила батерија на iPhone, која патем предизвикала просторијата на Apple Store да се исполни со чад. Вработените успешно се справиле со огнот, па затоа не била потребна помош од пожарникари. Од Apple се уште нема официјална информација за двата инциденти.