Нови детали за конкурентот на Tesla: ќе располага со 700 електрични “коњи”

По првите фотографии од новиот автомобил на Фискер, беа објавени и техничките детали, како и цената на ова возило.

Хенрик Фискер го предизвикува моделот S на Tesla со нова спортска електрична лимузина наречена EMotion. По првите фотографии од новиот автомобил на Фискер, беа објавени и техничките детали, како и цената на ова возило.

Како што пренесува USA Today, EMotion ќе ја има веќе најавената автономија од околу 640 километри (со полни батерии), додека почетната цена во САД ќе изнесува 129 илјади долари.

Истиот извор наведува дека автомобилот ќе располага со 700 коњски сили и погон на сите четири тркала. Силата ќе се пренесува преку 24-инчните пневматици на Pirelli, a максималната брзина ќе изнесува 260 километри на час.
Во конструкцијата доминираат материјали од јаглеродни влакна и алуминиум, а EMotion e опремен и со сензори за полуавтономно возење.

Претходно беше соопштено дека електричната енергија ќе се складира во литиум-јонски батерии кои со помош на специјален брз полнач ќе бидат во состојба за 10-тина минути да го наполнат автомобилот, со цел да може да помине дополнителни 100 милји (околу 160 километри).
EMotion би требало да се појави во продажба до крајот на 2019 година.
Извор: B92.net