Во вторникот, во Цирих во официјална продавница на Apple (Apple Store) беше забележан чад од еден iPhone чија што батерија почнала нагло да се загрева и почнала да чади. Како претпазливост, вработените биле евакуирани.

Според Reuters, еден од вработените сервисери започнал да менува батерија на еден телефон, а набргу батерија се загреала и била изгорена една рака на сервисерот. Според локалната полиција, биле евакуирани околу 50-ина вработени и муштерии, а 7-мина добиле и лекарска помош но не биле сериозно повредени.

Засега се смета дека станува збор за поединечен инцидент, а моделот на засегнатиот телефон е iPhone 6 Plus.