Nvidia претстави гејмерски монитор од 65-инчи

Засега најважната вест од Consumer Electronics Show за оние кои што играат компјутерски игри доаѓа од таборот на nVidia. Производителот на најдобрите графички карти, сега се појавува како производител на дисплеи кои ќе се вградуваат во монитори. nVidia се здружи со Acer, Asus и HP кои ќе произведуваат компјутерски монитори со екранот од nVidia. Ѕверот од nVidia е дури 65-инчен дисплеј до резолуција од 4K и освежување на екранот од 120 херци. За споредба, најголем број на екрани користат освежување од 60 херци.

Дисплеите се базирани на Android TV Shield платформата на nVidia, што значи дека корисниците ќе имаат пристап до стриминг платформата GeForce Now, сервисот GameStream, како и Android апликациите кои се достапни само преку nVidia Shield. Првите модели на монитори со овој дисплеј треба да се појават во текот на годината, но засега не се објавени цените.