Паметни очила можат да објавуваат видеа на Facebook, Instagram и YouTube (ВИДЕО)

Откако Snapchat ги претстави своите паметни наочари – Spectacles, кои имаат можност за снимање на видео записи, уште една компанија одлучи да се тестира на пазарот, креирајќи ACE Eyewear, паметни наочари кои на социјалните мрежи можат да објавуваат видео содржини.

Додека Spectacles наочарите можат да објавуваат снимки само директно на Snapchat, компанијата Acton, инаку позната по производство на електрични скејтборди, креирала и напредни наочари со кои може да се објавува видео записи на Facebook, Instagram и YouTube.

Ace Eyewar имаат можност за сликање на фотографии со камера од осум мегапиксели и снимање на видео снимки во HD резолуција.

Со едноставен клик на копче кое се наоѓа на горниот лев агол на наочарите, корисникот може да одбере дали сака да направи фотографија или да сними видео.

Батеријата може да издржи час и половина.

Извор: Klix.ba

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + 11 =