Оваа апликација го следи секој ваш чекор

“Њујорк Тајмс” известува дека постојат повеќе од 250 Андроид игри, но и некои ИОС апликации кои користат софтвер на компанијата “Алфонсо”, како би следеле кои ТВ емисии и реклами ги гледа корисникот.

Сите собрани информации се користат за прикажување на одредени реклами.

Од “Алфонсо” истакнуваа дека планот на компанијата не бил да се следат разговорите, туку само сигналите потребни за да се одреди што му треба на корисникот.

Компанијата тврди дека се е регулирано и дека не се нарушува приватноста, односно дека играта ќе го вклучи микрофонот само доколку тоа го одобри корисникот.