Како да препознаете дека компјутерот ви е хакиран?

Пренасочување, забавена работа, чудно движење на маусот по екранот. Сите овие се знаци дека вашиот компјутер е загрозен.

Антивирусната програма е исклучена

Ако забележите дека антивирусната заштита на вашиот компјутер не е активна, а не сте ја исклучиле вие, тоа е знак за тревога. Прво што ќе направат хакерите е да се ослободат од антивирусот. Истото важи и ако примите лажни предупредувања за вируси.

Лозинката не функционира

Не сте ја менувале, но немате пристап кон документите или компјутерот. Тоа значи дека нешто не е во ред и е еден од знаците за загриженост.

Бројот на пријатели на социјалните мрежи ви е зголемен

Ако забележите непознати имиња и голем број нови контакти, големи се шансите дека компјутерот ви е хакиран и се користи за испраќање спамови.

Непознати икони се појавуваат на десктоп

Ова значи дека нови злонамерни програми се инсталирани на вашиот компјутер. Истото важи и ако забележите дека одредени икони недостигаат.

Маусот се „шета“ по екранот

Ако вашиот маус сам се движи по десктопот, тогаш контролата над компјутерот ја има некој друг.

Печатачот се однесува чудно

Компјутерите не се единствените што можат да бидат нападнати од хакери. Ако од печатачот излегуваат документи што не сте ги пуштиле, тоа е причина да се сомневате дека сте нападнати.

Пренасочување на различни веб-страници

Ако вашиот пребарувач секогаш ве пренасочува на нови адреси, нешто не е во ред. Истото важи за чудните резултати при пребарувањето.

Вашите приватни податоци се појавиле на интернет

Ако најдете приватни податоци за вас кои никогаш не сте ги откриле, тогаш веројатно се украдени.

Веб-камерата чудно се однесува

Ако забележите чудно светкање, рестартирајте го компјутерот. Ако повторно се случи истото, можно е камерата да е хакирана.

Многу бавен компјутер

Ако и за наједноставната работа на компјутерот ви треба многу време или пак интернет-конекцијата е многу бавна, можно е компјутерот да е хакиран и се користи за други активности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 12 =