Како да го засилите сигналот на вашиот смартфон?

Погледнете како брзо и едноставно можете да го зголемите сигналот на вашиот телефон доколку имате потреба од тоа.

Ако се најдете во зона каде што има слаба покриеност на мрежа и не ви врши работа слабиот сигнал кој го фаќа вашиот телефон, со овој едноставен трик обидете се да го засилите сигналот.

На YouTube каналот на “ThioJoe” е објаснето дека доволно е да вклучите USB кабел на вашиот телефон и слободниот крај да го завртите околу нешто метално, на пример метално пенкало. Закачете го крајот со штипка или пак држете го цврсто, па сигналот на вашиот телефон би требало да се зголеми за околу 30%.

Секако, овој трик нема да функционира на места каде што воопшто нема сигнал, но ќе ви помогне ако на пример се наоѓате во подрум или некое слично место каде што сигналот е слаб.

Извор: Mondo.rs

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × one =