НАСА пронајде сончев систем со осум планети

Како што беше најавено на почетокот на оваа недела, Nasa денеска го обелодени големото откритие, кое тие сметаат дека „ќе го промени начинот на кој ја гледаме вселената“.

Американската вселенска агенција NASA во соработка со компанијата Google откри нова планета во системот Кеплер 90, кој засега е најсличен со соларниот систем на Земјата, според тоа откритие, пренесуваат светските медиуми.

Значајното откритие го овозможи новиот пристап кон вештачката интелигенција и начинот на обработка на податоците собрани со телескопот „Кеплер“.

– Нашиот соларен систем сега има ист број на планети, осум, како и Кеплер 90, ѕвездата слична на Сонцето, која е оддалечена 2.545 светлосни години од Земјата, по новото откритие на осмата планета која кружи околу неа – кажа гласноговорникот на NASA, на денешната прес-конференција.

Астрономите на NASA досега ги набљудуваа подрачјата во околината на преку 150 илјади ѕвезди во вселената. Новото откритие е резултат на повторното пребарување на подрачјето околу системот Кеплер 90. Тогаш е забележана новооткириената планета, која е осма во системот, со што тој има ист број на планети со нашиот сончев систем.

Телескопот „Кеплер“ е лансиран во 2009 година, а досега идентификува преку 2.500 планети. Триесет планети се наоѓаат во зоната во која научниците веруваат дека би можело да постојат услови за живот.

Експертите на NASA истакнаа дека ќе ја продолжат потрагата по живот вон Земјата.