Три децении од омилената игра Street Fighter (ВИДЕО)

Street Fighter во чест на својот 30-ти роденден пристигнува во славеничко руво и со посебно издание.

Играчите на Xbox One, PlayStation 4, Nintendo Switch и PC, од мај 2018 година ќе имаат можност да бидат дел од историското издание на една од најпопуларните и секако најсаканите игри на сите времиња – Street Fighter.

Славеничкото издание е наречено “Street Fighter’s 30th Anniversary” и ќе содржи 12 аркадни класици: Street Fighter, Street Fighter 2, Street Fighter 2: Champion Edition, Street Fighter 2: Hyper Fighting, Super Street Fighter 2, Super Street Fighter 2: Turbo, Street Fighter Alpha, Street Fighter Alpha 2, Street Fighter Alpha 3, Street Fighter 3, Street Fighter 3: 2nd Impact и Street Fighter 3: 3rd Strike.

Издавачот на оваа популарна игра “Capcom” најави дека Street Fighter II: Hyper Fighting, Super Street Fighter 2: Turbo, Street Fighter Alpha 3 и Street Fighter 3: 3rd Strike ќе пристигнат со мултиплеер компонента.

Секоја од видео игрите ќе содржи легендарни музички наслови, а играчите кои ќе уживаат во истите ќе имаат на располагање посебен плеер со помош на кој ќе имаат можност да ја слушаат само музиката.

“Campcom” најави и дека играта ќе содржи легендарни ликови како Ryu и Ken, и дека играчите ќе можат да го читаат историјатот на игрите, биографиите на ликовите од сите вклучени игри и други занимливости поврзани со франшизата во претходните три децении.

Извор: Mondo.rs

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 3 =