Со припејд наградна игра на Телеком до автомобил Volkswagen UP

Македонски Телеком почнувајќи од денеска, за своите припејд корисници организира наградна игра „Дополни и добиј“. Со новата припејд наградна игра, корисниците секој ден учествуваат во извлекување за смартфон Samsung J5 2017, а главната награда е автомобил Volkswagen UP.

Правилата за учество во припејд наградната игра се едноставни. Сè што треба да направат корисниците е да се регистрираат за учество со јавување на бесплатниот број 1469 или со праќање на SMS порака со текст „START“. Со бесплатната регистрација, корисниците автоматски добиваат и 500 MB мобилен интернет кој може да го користат една недела (7 дена) од денот на регистрација.

Потоа, корисниците треба да дополнат припејд ваучер со кој било износ, со што учествуваат во дневното извлекување за смартфон Samsung J5 2017. Колку повеќе надополнувања, толку поголеми шанси за добивка на супер награда. Корисниците кои што ќе дополнат најмалку 600 денари за времетраењето на наградната игра, учествуваат во извлекувањето за главната атрактивна награда Volkswagen UP.

Наградната игра важи за сите нови и постојни припејд корисници и трае од 20 ноември 2017 до 8 јануари 2018 година. Извлекувањето за главната награда ќе се оддржи на 9 јануари 2018 година, во просториите на Македонски Телеком.

Повеќе информации за новата припејд наградна игра на Македонски Телеком, корисниците може да најдат на www.telekom.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.