Вештачка интелигенција компонираше цел поп албум

Откако песната Break Free на YouTube беше преслушана околу 1,5 милиони пати, Терин Саутерн сега работи на цел албум. Она што е посебно кај песната и албумот е што тие се направени во копродукција со вештачка интелигенција, која основната мелодија ја уобличи со позадинска музика откако Терин во својот лаптотп внела разни поставки како што се расположение, темпо и посакувани инструменти.

Со оглед на тоа дека е голем љубител на технологијата, пејачката на Интернет испробувала open source програми кои прават целосна музика, а избрала програма која се темели на огромни бази на податоци за специфични жанрови музика. Набрзо потоа открила дека резултатите не се толку добри доколку на софтверот не му се каже точно што да работи, па одлучила да соработува со стартап компанијата Amper Music, која произведува софтвер за компонирање и ги користи платформите IBM Watson и Google Magenta.

Како што пишува Vidi.hr, кога била задоволна од резултатите и го објавила видеото за Break Free набрзо достигнала 1 милион прегледи и решила целиот албум да го прави со вештачка интелигенција. Албумот би требало да биде готов идната година, а има провокативен наслов „I Am AI” („Јас сум вештачка интелигенција“).

Терин вели дека одреден процент од заработката од албумот ќе даде на компанијата Amper, која е најзаслужна што сега има совршена алатка  која и ги прави песните.
Извор: Vidi.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 3 =