Беспилотните летала многу брзо стануваат суштински средства во американските агенции за спроведување на законот. Според еден извештај од Центарот за проучување на беспилотни летала во Њујорк, бројот на агенциите кои обезбедуваат обука за тоа како да се користат овие апарати е двојно зголемен во споредба со лани. Една Агенција во Илиноис ги обучува полициските службеници како да ги употребувата дроновите за да направат фотографии од местото на несреќите кои подоцна се спојуваат да се создадат тродимензионални компјутерски модели.

“Можат да го трансформираат процесот од една истражувачка сцена, кратејќи го времето кое се троши за тоа и за побрзо отворање на патиштата“, вели Лаин Лопата, основач на агенцијата “Аериал метрикс“.

Беспилотните летала најдоа голема примена и во регионите каде интервенциите со хеликоптер се невозможни. Најголем проблем на дроновите е капацитетот на батеријатата, а строгите федерални закони не дозволуваат и нивна широка употреба.