Модната куќа Луј Витон претстави платинест часовник украсен со 250 дијаманти.

Новиот модел Tambour Moon Tourbillon Volant Poinçon de Genève Pavée доби платинеста рамка и механизам, а притоа е украсен со 250 дијаманти, пишува Haute Time.

Poinçon de Genève има сертификат од Женева, кој зборува за исклучителниот квалитет на механизмот на часовникот. Часовникот доаѓа со каивче направено од кожа на алигатор.

Се сеќаваме на почетокот од годината, кога Луј Витон, за првпат во последните 15 години, ја освежуваше неговата серија на Тамбур Мун.

Во колекцијата има женски и машки часовници изработени од платина, од злато и композитни материјали.