Кинеската вселенска станица може да предизвика „пеколен дожд“ над Европа

Европската вселенска агенција (ЕВА) веќе го намали бројот на локации на кои би можела да падне кинеската вселенска станица Tiangong-1, која треба да се сруши на Земјата некаде на почетокот на 2018 година.

Вкупно 13 вселенски агенции ќе бидат дел од тимот кој ќе ја надгледува траекторијата на Tiangong-1, која веќе го започна своето конечно паѓање на површината на Земјата.

Поголемиот дел од вселенската станица ќе изгори додека да дојде до допир со тлото на Земјата, соопшти ЕСА.

Според досегашните податоци, Шпанија, Португалија, Италија, Бугарија и Грција би можеле да бидат на „огнената линија“ доколку поголемите делови од станицата не се распаднат во атмосферата.

ЕСА ја презема улогата на лидер во акцијата за чистење на вселенскиот отпад, а во кампањата учествуваат уште и американската NASA, рускиот Roscosmos, јапонската JAXA, индискиот ISRO, јужнокорејскиот KARI и Кинеската национална вселенска агенција, како и бројните европски вселенски агенции.

Контактот со станицата беше изгубен во 2016 година, а таа беше напуштена уште во 2013 година. Се очекува таа да влезе во Земјината атмосфера во периодот од јануари до март 2018 година.

Извор: Klix.ba