Доаѓа денот кога и мажите ќе можат да раѓаат

Мажите наскоро може да останат бремени благодарение на напредокот на трансплантација на матката.

Како што вели експертот за плодност Ричард Паулсон, сега кога овие органи се успешно трансплантирани кај жени кои се родени без нив, трансродни жени родени како мажи, а кои имале операција за промена на полот ќе сакаат иста трансплантација.

„Ова ќе им овозможи да имаат бебиња и не постои научна причина заради што тоа не би се случило“, вели Паулсон.

Во последните месеци се известуваше за трансродни мажи кои на свет донеле здрави деца затоа што покрај операцијата за промена на полот ги задржале репродуктивните органи кои функционираат.

Паулсон претстави контроверзно предвидување на годишниот состанок на Американското здружение за репродуктивна медицина кое се одржа во Тексас.

„Имаме дополнителни предизвици, но не гледам никаков проблем до тоа да не дојде и мислам дека е можно. На жена која биолошки е родена како маж може да се вгради утерус. Тоа сè уште е комплицирана операција и треба цел тим. Тоа не е зафат што се прави во секоја болница“, вели тој.

Разликата е што мажите кои сега се жени не можат да раѓаат природно, туку со царски рез, а но утробата ќе имаат доволно место да се развие бебе.

Трансплантацијата на матка трае околу 10 часа и сè уште е во експериментална фаза. Нејзиниот успех се покажа во 2014 година кога жена од Шведска на која и беше пресадена матката роди здраво дете. Прва ваква операција во велика Британија се очекува следната година. Утерусот може да е дониран од жив донатор, или личност кај која е прогласена мозочна смрт.

„По трансплантацијата на утерусот, се прави вонтелесно оплодување и се всадува ембрионот“, вели Паулсон.