Samsung во новата реклама се потсмева со iPhone X (ВИДЕО)

Компанијата Apple пред неколку дена во продажба го пушти долгоочекуваниот iPhone X, а тоа беше причина нивниот главен конкурент Samsung да направи видео со шега на нивна сметка, нагласувајќи ја сопствената супериорност.

Во видото со наслов „Растење“ главна улога има лик кој што својот прв iPhone го купува во 2007 година и со секој следен модел е се поразочаран, со оглед на тоа што неговата девојка користи Samsung, кој има понапредни функции.

Пресвртната точка доаѓа кога го купува iPhone 7, кој што нема влез за слушалки, па за негов следен телефон го избира Samsung Galaxy.