Какви промени не очекуваат во Football Manager 2018?

Компанијата „Sports Interactive“ го објави новиот тизер за најновото продолжение на супер-популарната игра Football Manager 2018. Тизерот потенцира некои од новите функции и надоградби кои новата игра ќе ги понуди оваа есен.

Највидлива промена доаѓа во формата на новиот графички енџин и додаток на тоа што „Sports Interactive“ го нарекува „dynamics“, иако досега студиото кое ја прави играта не објасни детално што точно преставува ова „Dynamics“.

Football Manager 2018 исто така носи и промени во AI на играта, како и промена во „скаутингот“ на играчите. Повеќе детали ќе бидат достапни овој месец, а фановите на играта можат да очекуваат и подобрен дизајн на стадионите, презентацијата на натпреварите и длабочината на спортската наука и тактика. Официјално, новиот Football Manager 2018 доаѓа на 10 ноември. Сопствениците на минатогодишната игра ќе можат да го купат новиот „Менаџер“ со попуст од 25%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + 20 =