„Nintendo“ продал речиси 8 милиони примероци од конзолата Switch

„Nintendo“ соопшти дека продал 2,93 милиони примероци од конзолата Switch во третиот квартал од 2017 година, што ја доведува вкупната продажба на 8 милиони примероци.

Од компанијата очекуваат дека нивната таблетна конзола, која се спојува со телевизор, ќе се продаде во 14 милиони примероци до 14 март 2018 година.

„Nintendo“ тотално потфрли со претходниот проект, наречен Wii U, кој за пет години на пазарот успеа да се продаде во само 13,5 милиони примероци. Но сега, со новата конзола Switch, „Nintendo“ изгледа дека направи полн погодок бидејќи според плановите кои ги има компанијата, Switch ќе ја надмине таа бројка за само една година од почетокот на производството.

Од последните информации, вкупниот профит за 2017 година на компанијата би требало да изнесува околу 747 милијарди долари.

Извор: Klix.ba