Ова е најстариот метеорит на светот и вреди 16.000 евра

Метеорит стар 4.5 милијарди години, значи речиси колку и планетата Земја, е продаден на аукција за скоро 16.000 евра.

На сајтот на онлајн аукциската куќа Катавики метеоритот наречен Muonionalusta, беше означен како најстариот познат метеорит на светот.

Неговата тежина изнесува 26.5 килограми и наводно е со одличен квалитет.

Овој камен од вселената пронајден е од почеокот на 1900 – тите години недалеку од селото Киткиојарва во шведската област Пајала.

Тој е дел од познатата колекција на метеорити munionalusta.

Овој метеорит паднал во северна Скандинавија пред околу милион години и до сега во тој регион се пронајдени околу 40 негови парчиња

Покрај метеоритот, купецот добил и уверение околу неговата автентичност.

Од оваа аукциска куќа од порано била изразена надеж купецот да биде од Шведска за каменот да биде вратен во таа земја, но понатамошни истражувања откриле дека тој всушност доаѓа од Унгарија.

Извор: B92