Робот ја менува првата дама на говорите на Доналд Трамп

Меѓу корисниците на социјалните мрежи деновиве се појави мислење дека првата дама на САД, Меланија Трамп, има двојничка која ја заменува на официјалните настани.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тие забележаа неколку детали поради кои мислат дека станува збор за робот. За време на обраќањето на нејзиниот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп, Меланија носела големи очила за сонце, а некој забележал дека нејзиниот нос има поинаков облик, па на интернет брзо се проширија твитови од лица кои не веруваат дека станува збор за неа.

 

Дополнителен детаљ што ја потврдува оваа теорија е фактот дека Трамп во говорот изјави

„Мојата жена Меланија, која е токму овде“, што теоретичарите го протолкуваа како изјава со цел да се замаскира фактот дека личноста покрај него всушност не е Меланија.