Јужнокорејската компанија Samsung на конференцијата во Сан Франциско ја најави втората генерација на дигиталниот гласовен асистент Bixby 2.0. Од Samsung велат дека новиот Bixby ќе биде подобар во обработката на податоци и предвидувањето на потребите на корисникот, без разлика на кој уред ќе
работи овој асистент.

Новата верзија на Bixby ќе биде контролен центар на сите поврзани уреди (телефони, телевизори, фрижидери, звучници и други апарати поврзани на интернет) на корисникот.

Компанијата верува дека со новата надградба ќе привлече повеќе програмери. Поради ова, новата верзија на Bixby доаѓа со можност програмерите да го интегрираат асистенот во своите апликации. Новитет е и доаѓањето на Bixby на паметните телевизори од Samsung, засега единствено во САД и Јужна Кореја.

Засега Bixby е досапен единствено на корејски и англиски, а германската верзија треба да биде достапна до крајот на годината.