Хакерски напад на WiFi мрежите: „Секој уред во светот е погоден“

Според предупредување објавено од Владата на САД, речиси секоја Wi-Fi мрежа може да биде пробиена.

Ова значи дека хакер кој е во рамките на физичкиот опсег на вашата домашна или канцелариска мрежа, може да ја пробие вашата Wi-Fi лозинка, да ја види вашата интернет активност и да влезе во енкриптираните протоци на податоци (лозинка внесена на веб-страница која не е https или видео од вашата безбедносна камера во домот).

Ова беше очекувано, со оглед на тоа што WPA2 е стар околу 13 години. Што ова значи за вас? Иако ова не значи дека хакерите веднаш ќе ве хакираат, вашата wi-fi мрежа е ранлива, додека производителот на рутерот не издаде безбедносно ажурирање. Исто така, ќе бидете безбедни кога пребарувате низ https страници, но сѐ што испраќате од телефонот или од компјутерот како чист текст може да биде искористено. Доколку е можно, користете VPN за понатамошно прикривање на вашата интернет активност.

Дополнително на тоа, треба да побарате безбедносни мерки за паметните домашни уреди во вашиот дом; во зависност од тоа како се конфигурирани, би можеле да бидат хакирани да протекуваат податоци и да им дозволат на хакерите да копираат или променат лозинки на вашите брави и алармни системи.

Истражувачи водени од Мети Ванхоф денеска ќе ги откријат деталите од аномалијата позната како KRACK. Но, американската влада веќе откри некои детали во предупредување кое тврди дека проблемот може да биде ризик за целиот свет. Тимот за одговор при итни случаи поврзани со компјутери на САД (US CERT) предупредува дека секој кој го користи WPA 2 стандардот е веројатно хакиран.

 

Не е јасно колку лесно може да се изведе таков напад, или како би бил лансиран. Исто така, не е јасно како постоечките мрежи може да останат безбедни.