Во близина на аеродромот во канадскиот град Квебек се случи прв случај на судир меѓу авион и дрон

Авион на канадска авиокомпанија со шест патници и два члена на екипажот безбедно слетал на аеродром во Квебек откако се судрил со дрон, што претставува прв инцидент од ваков тип во земјата, велат официјални лица.

Сè се случило во четвртокот кога дрон се судрил со авион на компанијата „Скајџет“, кој се приближувал на меѓународниот аеродром во Квебек, изјави министерот за сообраќај, Марк Гарно.

Гарно, кој е поранешен астронаут, рекол дека ова е прв случај во кој дрон удрил во авион.

„Ми олесна кога разбрав дека леталото претрпело само помала штета и дека можело безбедно да слета“, истакнал Гарно.

Според локалните медиуми, дронот удрил во десното крило на авионот, кој во тој момент се наоѓал на околу 3 километри од аеродромот.