Microsoft конечно призна: Windows Phone е мртов!

Во серија твитови беше откриено дека софтверскиот џин од Редмонд повеќе не ги развива новите функции за Windows 10 Mobile, ниту има намера да го прави тоа во иднина

Фановите на Windows Phone се надеваа дека ќе има надградба или нов модел на телефонот, но изгледа дека од тоа нема да има ништо. Windows во следниот период ќе понуди поддршка за постоечките корисници во вид на поправка на софтверските грешки и зголемување на сигурноста.

„Секако, ќе продолжиме со поддршка на платформата и со поправка на грешките и зголемување на сигурноста, но развој на нови можности не е во тек“, напиша во твитот Белфиоре.

Во текот на развојната фаза на Windows 10 Fall Creator Update стана очигледно дека Microsoft повеќе не работи на развој на оперативниот систем на Windows Phone, што ги разочара нивните фанови. Реално гледано, платформата е „мртва“ веќе повеќе од една година, но компанијата не сакаше да го признае тоа јавно.

Белфиоре призна дека тој, како и Бил Гејтс, почнал да користи Android, а Microsoft ќе ги поддржи корисниците на Windows 10 кои сакаат да користат Android и iOS на своите уреди.

 

 

И Бил Гејтс и го сврте грбот на платформата

Главниот извршен директор Сатја Надела во текот на неодамнешната конференција Build and Inspire го отфрли досегашниот слоган кој мобилното искуство на Windows го ставаше во прв план и се фокусираше на интелигентните услуги во облак нои нема нужно да го вклучуваат оперативниот систем на Microsoft за десктоп компјутери.

Самиот Џо Белфиоре, инаку корпоративен потпретседател задолжен за Windows 10 во Microsoft, призна дека како и Бил Гејтс се префрлил на смартфон со Android и најави дека Microsoft ќе ги поддржи корисниците на Windows 10 кои сакаат да ја користат платформата на Google или пак мобилниот оперативен систем на Apple, iOS.

Една од главните причини зошто Microsoft се откажува од Windows Phone е тоа што поголем дел од програмерите никогаш не ја прифати оваа платформа, поради што за неа не можат да се најдат дури ни многу популарните апликации, пишува The Verge.