Се враќa легендарниот „Комодоре 64“

Првиот компјутер за многу родени во текот на осмата и деветтата деценија од 20 век бил незаборавниот дебелко – „комодоре 64“, легендарниот компјутер што излезе во 1982 година.

На него се играле првите игри, се учеле основите на пресметувањето и програмирање и поставување основи на информатичката писменост за денешната секојдневна употреба на компјутерите.

Сега пристигнува нешто што ќе ги израдува сите „носталгичари“ и „ретро-гејмери“, а можеби и денешните играчи на кои им здосадиле современите игри – „комодоре 64“ се враќа! Во малку поинакво пакување, односно со 50 отсто помали димензии од оригиналот.

Наредната 2018 година на пазарот ќе се појави модерна верзија од класикот „К64 Мини“, конзола за играње со инсталирани игри од времето на првиот компјутер.

Со конзолата доаѓа и џојстик, ист како оној од 90-тите.

Бидејќи тастатурата на конзолата не е функционална, „К64 Мини“ ќе може преку ХДМИ-кабел да се поврзе со модерен компјутер и со тастатура. Корисниците ќе можат сами да создаваат сопствени игри.

Конзолата треба да чини околу 80 евра.