Робот за првпат целосно изведе операција на заб без човечка помош. Операцијата опфаќаше вградување на имплант на пациент во Кина.

Иако медицинската екипа била присутна за време на едночасовната процедура во Ксиан, во провинцијата Шаанкси, но тие не играле никаква улога.

Два нози заба, создадени со 3Д принтање, беа успешно вградено во уста на пациентка.

Роботот беше направен од научниците во Универзитетот во Пекинг и стоматолошката болница при Четвртиот воен медицински Универзитет.

Доктор Зао Јимин, кој работи во болницата, изјави дека роботот бил дизајниран за да изведува стоматолошки операции и да избегнува грешки направени од човекот.

Неговата работа се состои од претходно зададени команди за да се вградат имплантите во устата на пациентот, но исто така можеше да направи прилагодувања поради мрдањето на жената.

Роботот е направен за да помогне во решавање на проблемот со недостиг на квалификувани стоматолози во Кина. Хонг Конг и Сингапур исто така се соочуваат со недостиг на стоматолози, предупредија експертите.

Пациентите исто така ризикуваат да добијат несоодветни услуги од неквалификувани стоматолози, што може да доведе до компликации.

Според светските извештаи, има околу 400 милиони пациенти во Кина на кои им е потребен нов заб.

Експертите сметаат дека со роботите како стоматолози, ќе им се овозможи на докторите попрецизно да ги изведуваат сложените операции, но дел од нив се сомневаат дали таквите операции се безбедни.

Во 2015 година, американска студија за безбедноста при роботска операција, поврзи 144 смртни случаи на пациенти со употребата на машини, иако мал е репрезентативниот примерок од вкупниот број на роботски операции.