Kingdom Tower – облакодер повисок од еден километар

Многу пати сме читале за највисоките згради на светот. Оваа зграда ќе биде дури за 173 метри повисока од највисоката досега.  За споредба, височината од 173 метри одговара на облакодер од околу 50 ката. Се работи за најголемата зграда на светот која сеуште е во изградба во Џеда, Саудиска Арабија, под името Kingdom Tower.

Нејзината изградба ќе чини 1,23 милијарди долари, и ќе биде висока неверојатни 1007 метри. Облакодерот има 200 ката од кои 160 се со резиденцијална намена. Првите геотехнички испитувања с езапочнати уште во 2008 година, а самата изградба е проценета на седум години. Планирано е објектот комплетно да биде завршен до крајот на 2019 или во 2020 година.

облакодер_4облакодер_3облакодер_2