Паметна корпа за отпадоци го претвора фрлањето на ѓубре во игра

Големите количини отпад се огромен проблем за многу урбани средини. Никој не сака расфрлан отпад по улиците, но истиот понекогаш завршува таму поради преполни корпи за отпадоци, понекогаш поради отсуство на истите, како и она најлошото поради негрижата на луѓето.

Компанијата Sencity започна да се бори против апатијата на луѓето со тоа што креираше паметна корпа за отпадоци која фрлањето ѓубре го претвора во игра. Станува збор за производот TetraBIN кој ќе ве „награди“ секогаш кога ќе го фрлите вашето ѓубре.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оваа компанија започна како стартап во бруклинскиот акцелератор Urban – X кој е фокусиран исклучиво на пронаоѓање решенија кои го подобруваат квалитетот на животот во Њујорк. Мебелот наменет за улица е станува популарен во ваквите урбани средини, иако многу од општините се обидоа да инсталираат решетки за велосипеди или клупи кои ќе бидат привлечни, многу малку од овие решенија во суштина биле забавни. Секако постојат автобуски постојки со поврзани екрани или јавни места со бесплатен Интернет, но сепак зависи од вас колку истите ќе ве забавуваат.

TetraBIN е голем контејнер со три страни обиколен со екран кој прикажува пејзаж кој постојано се движи. Ќе забележите дека прелетуваат лилјаци додека кучињата ги чекаат на земја за да ги фатат, притоа извикувајќи „Нахрани ме.“ Внатрешноста е обложена со сензори кои детектираат движење кога ќе фрлите нешто во корпата што резултира со пилешки копанчиња кои паѓаат на екранот. Кога успешно ќе ги нахраните кучињата, вие ќе остварите победа и ќе добиете ваучер со код кој можете да го искористите на веб страницата на производот.P1010187_01-ed

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Идејата е пешаците да освојуваат различни награди преку игра со тоа што можат да добијат и некој производ по достава. Крајната цел на компанијата е дека со текот на времето фрлањето на ѓубрето во корпа ќе се претвори во автоматизирана навика, особено кај децата. Играта може да ги мотивира децата дури да го фрлаат и ѓубрето кое ќе го најдат фрлено наоколу, што воопшто нема да ѝ пречи на компанијата.

 Од компанијата се надеваат дека ќе можат да остварат соработка со градови и локални бизниси со цел да ги постават паметните корпи за отпадоци на што е можно повеќе локации. Корпата инаку користи 4Г конекција и има можност за трансфер на информации со останатите паметни корпи во непосредна близина. Кој би рекол дека фрлањето отпадоц и одржувањето чиста околина би можело да биде толку забавно?