NBA 2K18 пристигна за iPhone и за iPad

Кошаркарската симулација NBA 2K18 е издадена за iPhone и iPad со неверојатно реална графика
која е убедливо најдобра досега со одличен приказ на сите детали за играчите, од нивните тетоважи
до дизајнот на патиките.

Меѓу главните опции на NBA 2K18 е можноста да креирате сопствен играч и во кариерниот дел да
напредувате низ нивоата. NBA 2K18 за iOs ќе чини 8 долари, па доколку сте фанови на
најпопуларната кошаркарска лига во светот може да ја купите од App Store.