Пазарот на електрични автомобили со најголем пораст

Пазарот на автомобили со електричен погон во Европа забележа силен раст во првата половина од годината, со важна улога на 10-те милиони единици на „Hyundai Ioniq“.

За првите шест месеци од годината, пазарот се зголеми за 56% или од 27.000 електрични автомобили на 73.162 автомобили. И покрај силниот почеток, електричниот „Ioniq“ не успеа да влезе во Топ 3 од најпродаваните електрични возила, заостанувајќи со 306 единици зад „BMW i3“.

Надградената верзија на „Renault Zoe“ останува најпродаваното електрично возило во Европа, а на втората позиција е „Nissan Leaf“. И покрај неговиот голем пораст, пазарот на електрични автомобили сѐ уште изнесува само 0,9% од новиот пазар на автомобили во Европа, но минатата година тој изнесуваше 0,6.

На второ место по раст во Европа е пазарот на компактни „SUV“ модели и кросовери – скокот тука е со 37% до 989.421 примероци за првите шест месеци. Тука најголем раст има новиот „Peugeot 3008“ со над 81.000 продажби, со што се задржува на третото место во рангирањето.