WhatsApp повеќе нема да биде бесплатен за компаниите

Некаде треба да се надоместат сите тие милијарди долари кои Facebook своевремено ги даде купување на WhatsApp апликацијата, односно целата платформа. Пред неколку месеци прв пат се појави информација дека WhatsApp ќе воведе наплата за корпоративно користење на апликацијата. Сега, еве стигна потврда, WhatsApp навистина ќе ја укине можноста за бесплатно претставување на компаниите на своите потенцијални корисници, клиенти или бизнис партнери со комуникација на оваа платформа. Целата приказна ја потврди еден е од челните луѓе на WhatsApp, Мат Идем.

„Сакаме да воведеме можност, условно речено, на темелна претплата која на корисниците би им овозможила да ги контактираат компаниите кога бараат одреден одговор, a на компаниите да ги претстават своите услуги или производи до самите корисници. Да, планираме наплата за компаниите кои ја користат нашата апликација за комуникација со приватни лица“, потврди Мет Идем за Fox Business. Моментно детално не образложи како и на кој начин ќе ја наплатуваат „претплатата“ за компаниите, ни колку би изнесувала во иднина.

Потврдено е дека и одреден број компании во Бразил, Европа, Индија и Индонезија веќе ги тестираат новите опции на WhatsApp платформата.

 

Facebook очигледно одлучи да направи и ситни козметички промени на својот матичен интерфејс, бидејќи многу корисници забележуваат дека профилните фотографии се со кружен, а на коцкаст облик.