Instagram Stories достапен за мобилен веб

Instagram ја овозможи Stories функцијата за мобилната верзија на својот сајт. Корисниците кои од некоја причина, не сакаат да ја инсталираат апликацијата, а сакаат комплетно искуство сега исто така можат да ги гледаат приказните на своите пријатели.

Алтернативно, оние кои сакаат да се дистанцираат од содржината која Instagram Stories ја донесува на апликациите и ја користеа веб верзијата, сега имаат уште едно место за Stories содржините.

Интересно е дека десктоп верзијата на Instagram и натаму нема Stories, што не претставува претерано голем проблем, бидејќи десктоп апликацијата отсекогаш била базична. Исто така, десктоп верзијата на Stories нема премногу смисол, барем во овој момент.

Кога е во прашање мобилниот веб, корисниците засега можат да ги видат само Stories на другите корисници, додека опцијата за аплоадирање на сопствените приказни ќе биде додадена подоцна.