IKEA го менува начинот на кој купувате за вашиот дом

Зголемената реалност може да звучи како нешто излезено од филм, меѓутоа, ако имате iPhone, тогаш и тоа како е возможно.

„IKEA Place“ е револуционерна апликација што целосно ќе го промени начинот на кој купувате за вашиот дом. Користејќи ја новата технологија за Apple, корисниците ќе имаат можност да видат како мебелот ќе изгледа во нивниот дом со едноставно поставување на камерата на местото каде што сакаат да го стават парчето мебел. Апликацијата потоа ќе постави соодветна намалена и усогласена слика со цел да му прикаже на корисникот како би изгледал мебелот во неговиот дом.

Долгоочекуваното објавување на апликацијата е закажано за октомври.