Астроном снимил еден од најретките феномени на планетата (Видео)

Австралискиот астроном Дејвид Финлеј успеал да го сними реткиот природен феномен познат како црвени џуџиња на небото над Нов Велс.

„Ја поставив камерата и буквално за неколку минути на небото почнаа да сјаат џуџињата. Не можев да поверувам. Си помислив дека ќе бидам среќен ако успеам да снимам барем едно, но тие продолжија да паѓаат“, рекол тој.

Црвените џуџиња или духови, како што ги нарекуваат, претставуваат електрично празнење во атмосферата, кое, за разлика од обичните молњи, се јавува високо над облаците. Често ги нарекуваат и превртени молњи, а настануваат на речиси иста височина на која метеорите согоруваат во атмосферата.

Погледнете го видеото:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six − 2 =