Ова е првата држава со 5G мрежа

Европската трка за глобалн лидерство во најмодерната телекомуникациска 5G мрежа започнува во малечката држава Сан Марино. Енклавата со вкупно 30.000 жители во рамките на Италија ќе стане првата држава во светот каде што ќе биде воведена 5G мрежа. Договорот за надградба на мрежата и тестирање на системот од 2018 година владата на Сан Марино го потпиша со италијанскиот телеком Telecom Italia Mobile.

За тестирање на претходните генерации мрежи исто така се користеа мали територии како островот Мано. Џовани Фериго, технолошки директор на Telecom Italiа, вели дека Европа беше лидер во развојот на 2G мрежата, но го изгуби приматот за 3G од Азија, а за 4G од САД. Според акциснкиот план на Европската комисија за 5G мрежи, бенефитите за економијата од 5G мрежата до 2025 година ќе достигнат 113 милијарди евра. Според проценките, трошоците за изградба на новата 5G мрежа ќе изнесуваат 56 милијарди евра, а ќе се креираат 2,3 милиони нови работни места.