Најголемите инженерски иновации за 2017

Веќе сме на половина од 2017 година. Иако изгледа дека годината поминува многу брзо, инженерите и научниците напорно работат на голем број иновации. Ова се најголемите иновации за 2017 досега.

Кина и најголемиот соларен панел на светот

Овој проект е изработен од страна на „Sungrow“ и обезбедува енергија за 6.500 дома. Панелите се инсталирани на место кое порано било наменето за операции со мини, но на никаков начин не му штетат на морскиот живот.

Два квантни компјутери

Истражувачи од Универзитетот „Корнел“ спротивставија два квантни компјутери во епска виртуелна битка. Предизвикот беше да се реши алгоритам и да се одреди кој квантен компјутер е поефикасен. Двата компјутери оперираат на две различни платформи. Едниот е креација на експерти од Универзитетот „Мериленд“, а другиот од IBM.

 

„SpaceX“ го лансира првиот пренаменет вселенски брод

Компанијата е позната по тоа што повторно ги користи своите ракети и сега првпат успеа да лансира во вселената повторно користена ракета.

„Тесла“ го соборува рекордот за забрзување на автомобилите

Моделот на „Тесла“ – „модел ес-P100D“ го сруши рекордот за најбрзо забрзување на автомобил од 0 на 97 километри на час за само 2,28 секунди. Се работи за најбрзиот автомобил на светот, кој располага со одлична аеродинамика и моќ.

Индија сруши рекорд со лансирањето 104 сателити на една ракета

Оваа земја го осветли небото лансирајќи ракета што со себе носеше рекордна бројка од 104 сателити. Мисијата го собори и рекордот на Русија, која лансира 37 сателити во 2014 година.

Турбини со 35% поголема ефикасност

Истражувачите го подобруваат дизајнот на турбините со имплементирање сечила од гума, инспирирани од инсектите. Флексибилниот дизајн овозможува сечилото да ја зачувува енергија и да ја насочи во друг правец. Сечилата се приспособуваат и дозволуваат турбината да биде поефикасна без разлика на брзината на ветрот.

Дронови за опрашување на растенија

Земјоделски опрашувачи во форма на беспилотни летала. Тим на истражувачи оваа година ги креира овие алатки за да се опрашуваат растенијата исто како што тоа го прават вистинските пчели. Тие не се комплетна замена на пчелите и пеперутките, но им нудат дополнителна помош на фармерите за нивните посеви.

Со оглед на тоа дека останува уште половина година, се очекуваат уште вакви иновации што ќе придонесат за развој и напредок.

Извор: Факултети.мк