Нови фотографии од Samsung Galaxy Note 8

Се појавија нови фотографии кои ги откриваат и потврдуваат деталите за претстојниот Samsung Galaxy Note 8. На Facebook се појави објава со фотографија во живо на системот на камери на Note 8, заедно со прес фотографија на телефонот.

Она што го потврдуваат овие слики во однос на претходните информации е истиот распоред на сензорите на задната страна: систем со две камери, LED блиц и сенозр за отисоци на прсти.

Исто така, се појави фотографија и од куќиштето за Note 8 која го открива позиционирањето на портовите, меѓу кои се наоѓа место и за 3.5 милиметарскиот приклучок за слушалки. Овој приклучок е нешто што Samsung не планира да го отстрани од своите телефони во поскор период.