Пристигнува Nintendo SNES Classic конзолата

Nintendo се подготвува да ја издаде SNES Classic, минијатурна варијанта на славната оригинална Super Nintendo Entertainment System конзола. На Twitter профилот на Nintendo се вели дека системот ќе биде достапен од 29 септември 2017 година, со 21 вградени игри – вклучувајќи Star Fox 2.

Таа ќе чини 80 долари и ќе има два контролора. Во прилог на Star Fox 2, SNES Classic доаѓа со долга листа на игри.

Помеѓу 21 игра кои играчите ќе можат да ги играат се:

Contra III: The Alien Wars, Donkey Kong Country, EarthBound, Final Fantasy III, F-ZERO, Kirby Super Star, Kirby’s Dream Course, The Legend of Zelda: A Link to the Past, Mega Man X, Secret of Mana, Star Fox, Star Fox 2, Street Fighter II Turbo: Hyper Fighting, Super Castlevania IV, Super Ghouls ’n Ghosts, Super Mario Kart, Super Mario RPG: Legend of the Seven Stars, Super Mario World, Super Metroid, Super Punch-Out!! и Yoshi’s Island.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − nine =