Внимавајте што објавувате на Facebook, вашиот шеф будно ве следи…

Едно истражување во САД, покажало дека дури 70 проценти од работодавачите ги проверуваат профилите на социјалните мрежи на своите вработени, или потенцијалните нови вработени пред да ги повикаат на интервју

Пред да одлучите да ги избришете своите профили на социјалните мрежи, треба да го имате во предвид следново – повеќе од половина од работодавачите нема воопшто да го повикаат кандидатот на разговор кој што нема профил на социјалните мрежи.

Дури 30% од компаниите во одделот за човечки ресурси имаат вработен кој што се занимава само со проверување на потенцијалните кандидати на социјалните мрежи. Освен социјалните мрежи, вашите шефови или идни работодавачи користат и интернет пребарувачи во обидот да дознаат што е можно повеќе за вас.

Во 50% од случаите, работодавачите се откажале од кандидатите поради одредени содржини кои што ги откриле на социјалните мрежи. Најчесто станува збор за непримерни или провокативни фотографии, но и дискриминирачки ставови. Во една третина од случаите, кандидатот кој што на својот профил пишувал нешто лошо за својот претходен работодавач, не добил шанса да се вработи.

Сепак, доколку одлучите да го избришете профилот на Фејсбук пред да аплицирате за работа, можеби тоа нема да ви биде добра одлука. Имено, повеќе од 44% од работодавачите пронашле нешто на профилите на кандидатите што ги натерало да ги вработат.

Пред се тоа се професионални квалификации, комуникациски вештини, професионален изглед и креативност. Затоа, наместо да правите „радикален чекор“ и да го бришете профилот, најдобро е да ги отстраните непримерните содржини и во иднина да внимавате што објавувате на социјалните мрежи.

Кога ќе ја добиете работата, тоа не значи дека работодавачот ќе престане да ве следи на социјалните мрежи. Најголемиот дел од шефовите ги следат своите вработени активно на социјалните мрежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 3 =