Првата епизода на Hitman стана бесплатна (Видео)

Доколку се уште не сте ја играле Hitman, независното студио Io-Interactive повторно ја направи првата секција од играта бесплатна…

ICA Facility локацијата има две мисии од главната приказна, два escalation договори, преку 40 предизвици и ќе можете да ги видите сите поврзани видео сегменти. Доколку се одлучите за купување по играњето, сите постигнувања ви остануваат.

Покрај ова, целата прва сезона ќе биде на 60 проценти попуст во период од една недела, доколку се одлучите на преостанатите авантури на Агентот 47.

Може да ја најдете на нивниот сајт.