YotaPhone 3 пристигнува во текот на оваа година

YotaPhone 3 телефонот беше најавен во текот на конференција во Кина. Наследникот на YotaPhone 2 моделот ќе биде како својот претходник, ќе поседува E Ink дисплеј на задната страна, како и AMOLED екран од предната страна на уредот.

Телефонот со два екрана ќе биде досташен во верзии со 64 GB и 128 GB простор за складирање, по цени од 350 и 450 долари. Во Русија и Кина телефонот ќе биде достапен од есента оваа година. Освен овие информации, руската компанијата Yota Devices не откри повеќе детали за уредот.

Компанијата напомена дека повеќе детали за YotaPhone 3 смартфонот ќе објави во текот на летото.

ИЗВОР: TheVerge