Facebook повторно краде функции, но овој пат не од Snapchat

Слично како и Twitter, Facebook воведе опција која овозможува само 130 карактери при објавувањето

Многумина пропуштија дека Facebook на некој начин позајми една од најлегендарните функции на Twitter. Знаеме дека Twitter имаше лимит од 140 карактери во објавите. Facebook сега ја воведе опцијата која овозможува само 130 карактери при објавувањето.

Facebook очигледно го искористи концептот на Twitter како инспирација во својот нов формат на кратки објави. Доколку корисникот креира објава и притисне на обоените кругови, ќе забележи дека неговиот статус ќе се појави во огромен текст на обоената позадина.

Овие живописни статус се идеални за објава на битни настани, промена во кариерата и друга содржина која сака да ја потенцира корисникот.